Настаните на денот низ фотографии - 4 септември 2019 година.
1МАКЕДОНИЈА - Советот на јавните обвинители не го прифати барањето за декласификација на извештајот за поведената постапка за разрешување на Катица Јанева, кое е поднесено до Собранието, со што извештајот останува таен.
2МАКЕДОНИЈА - Бев повикана како лице од кое се земаат одредени известувања да даде одговор за се што е поврзано со случајот Рекет"како и со Меѓународниот сојуз, изјави пратеничката Фросина Ременски, по излегување од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Таа нагласи дека се што била прашана во Обвинителството - одговорила.
3МАКЕДОНИЈА - Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со преговорите за законот за Јавно обвинителство, изјави дека за правдата не планира никаков компромис и оти препознава задни намери кај власта на која ѝ порачува, како што наведува, да не се надева на ново Пржино и некаков нов договор на кој ќе се повтори реприза на ослабеното ВМРО-ДПМНЕ кое ќе потпишува сѐ и сешто.
4ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Британскиот премиер и лидер на Конзервативната партија, Борис Џонсон, од партиските тела суспендираше 21 пратеник кои го поддржаа започнувањето на процедурата за спречување на Брегзит без договор, пренесоа светските новински агенции.