Достапни линкови

Анѓушев: Сакаме да станеме партнер на компаниите во зголемувањето на платите


Зоран Заев и Кочо Анѓушев

Вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска изјави дека со новите мерки за економски развој, промовирани од премиерот Зоран Заев, Владата сака да стане партнер на компаниите во зголемувањето на платите.

„Секој совесен стопанственик, а познавам многу такви, сакаат да ги задржат своите вработени и да ги мотивираат со повисоки плати. Сите компании кои ќе покачат плата на вработените во износ од 600 до 6.000 денари, ќе добијат поддршка во форма на субвенционирање на здравствените и социјалните придонеси, за износот на покачувањето. Во државниот буџет се планирани околу 40 милиони евра за оваа мерка, што значи доколку се реализира целиот износ, а знаеме дека придонесите изнесуваат 37,7 отсто од бруто платата, вработените ќе добијат на име на плата дополнителни 100 милиони евра“, изјави Анѓушев.

XS
SM
MD
LG