Достапни линкови

Повлекување на спорниот закон што го запали Хонг Конг


Фотографија од масовните протести во Хонг Конг

Лидерката на Хонг Конг Кери Лам денеска најави официјално повлекување на предлог-законот за испорачување во Кина, кој предизвика големи протести и нереди во градот. Лам ова го соопшти на средбата со пратениците од Кина, со делагацијата на Хонг Конг во националниот народен конгрес и со членовите на народната кинеска политичка конференција.

Контроверзниот нацрт-закон предвидуваше можност осомничени од Хонг Конг за судење да бидат екстрадирани во Кина. Законот за екстрадиција, со кој ќе се опфатеа седум милиони жители на Хонг Конг, како и странски и кинески државјани во градот, многумина го сметаат за закана за владеењето на правото во поранешната британска колонија.

За време на протестите во Хонг Конг полицијата и демонстрантите беа во постојан судир, имаше многу приведени и повредени, а во еден од судирите полицијата употребила и огнено оружје, пренесоа светските новински агенции.

XS
SM
MD
LG