Достапни линкови

По влезот во НАТО, инвестициите во Црна Гора зголемени за 30 отсто


Црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ, и Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Милош Јовановиќ, директорот на црногорската Агенција за промоција на странски инвестиции, денеска изјави дека членството на Црна Гора во НАТО значително го зголемило приливот на странски инвестиции во таа земја, а речиси половина од оние што пристигнале во 2018 година се од државите членки на Алијансата.

„Приливот на странски инвестиции се зголеми за околу 30 проценти за 2018 година во однос на 2017 година, додека приливот на странски директни инвестиции од земјите членки на НАТО се зголеми за дури 64 отсто, што претставува голем пораст во однос на 2017 година“, изјави Јовановиќ, пренесува МИА.

XS
SM
MD
LG