Достапни линкови

Турција не сака посебен статус во ЕУ


Мевлут Чавушоглу

Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, изрази несогласување со позицијата на словенечкиот претседател Борут Пахор, кој побара доделување „посебен статус“ на Турција во Европската унија, јавија турските медиуми.

„Љубљана до минатата година активно ја поддржуваше идејата за прием на Турција во ЕУ. Не ја знам причината поради која таа ја промени својата позиција. Веројатно, тоа е поврзано со изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон“, рече тој за време на 14-от Стратегиски форум на Блед.

Чавушоглу потсети дека преговорите за полноправно членство на Анкара во ЕУ почнаа во текот на 2004 година.

„Доколку Анкара не ги исполнува своите обврски кон ЕУ, тогаш прашањето за перспективите за членство во ЕУ може да биде отворено. При сите други околности дијалогот треба да продолжи“, нагласи Чавушоглу.

Словенечкиот претседател Борут Пахор за време на форумот кажа дека Западен Балкан треба да биде примен во ЕУ, додека Украина и Турција треба да добијат „посебен статус“.

XS
SM
MD
LG