Достапни линкови

Во Италија отворен е патот за формирање нова влада


Лидерот на движењето Пет ѕвезди Луиџи ди Мајо

Членовите на инталијанското антисистемско движење Пет ѕвезди ја поддржаа предложената владејачка коалција со центристичката Демократска партија со што се отвора патот за формирање нова влада. Лидерот на движењето Луиџи ди Мајо изјави дека приврзаниците на онлајн гласањето со големо мнозинство ја поддржаа новата коалиција, инаку долгогодишен политички противник. Мандаторот за состав на новата влада Џузепе Конте наскоро би требало на шефот на државата Серџо Матарели да му го претстави составот на неговиот кабинет. Претходната владејачка коалиција се распадна во минатиот месец откако екстремно десничарската Лига се повлече во настојување да бидат распишани предвремени избори.

XS
SM
MD
LG