Достапни линкови

Димитров: По 10 препораки ЕУ да донесе позитивна одлука


министерот за надворешни работи Никола Димитров

„После десет препораки на Европската комисија дека сме подготвени да почнеме преговори за членство, со решение на нерешливото прашање поради кое изгубивме цела генерација, постигнувајќи европски компромис, Европската унија треба конечно да донесе позитивна одлука“, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров при учеството на Бледскиот стратешки форум. На панелот насловен „Западен Балкан – европеизација, демократизација, споделена одговорност” Димитров се осврнал врз нужноста од забрзана европска интеграција на држвава и регионот, како заедничка стратешка определба, соопшти Министерството за надворешни работи. Шефот на македонската дипломатија зборувал за значењето на Европската Унија и нејзините вредности за регионот, но и за важноста од уважување и конкретно вреднување на очигледните резултати и постигнувања, уште во претстојните месеци.

XS
SM
MD
LG