Достапни линкови

Владата формира Комитет за преговори за пристапување во ЕУ


Скопје- премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев и советникот Бојан Маричиќ на конститутивен состанок на Комитетот за преговори за пристапување во ЕУ

На месец и половина пред самитот на Европската унија на кој треба да се одлучува за датумот за почеток на преговори за зачленување на земјава во ЕУ, од владата соопштија дека се одржал конститутивен состанок на Комитетот за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија. На него, се наведува во соопштението од владината прес служба, се разгледале модели за вклучување на граѓанскиот сектор во процесот на пристапни преговори.

„На денешниот прв состанок, беше поздравена иницијативата и беа дадени насоки за разработување на моделот на вклучување на граѓанските организации во процесот на пристапни преговори за членство на нашата земја во ЕУ. Премиерот Зоран Заев кој е на чело на ова тело ја истакна потребата од брза реакција на сите кои ќе бидат вклучени во процесот во една од најзначајните фази за нашата држава“, информираат од Владата.

Земјите-членки на ЕУ на самитот во јуни не успеаја да се договорат за датум за почеток на преговори за Северна Македонија и Албанија, а тогаш донесоа заклучок на прашањето со јасна и суштинска одлука да се вратат што е можно поскоро, но не подоцна од октомври годинава.

XS
SM
MD
LG