Достапни линкови

Москва- родителите ги задржаа децата и покрај учеството на протести


Архивска фотографија- Дмитри Проказов и неговата сопруга Олга Проказова

Судот во Москва го одби барањето на обвинителството да им се одземе родителското право и детето на двојката која го носеше на протестните маршови. Локалниот суд го одби барањето доцна вчера отфрлајќи ги наводите дека Дмитри Проказов и неговата сопруга Олга Проказова треба да го изгубат родителското право бидејќи дозволиле нивниот 20-месечен син да биде во опасност.

Обвинителството тврди дека на протестот што се одржа на 27 јули тие му го дале детето во раце на активистот Сергеј Фомин за да со него може да помине низ полицискиот кордон и на тој начин да избегне приведување. Родителите, пак, тврдат дека Фомин е братучед на Олга и кум на детето и им помагал околу синот за време на протестите. Инаку Фомин е осомничен за учество во масовни немири и во моментов се наоѓа во предистражен притвор.

Претходно, друг суд во Москва, одби да им го одземе родителското право на друга двојка, Пјотр и Јелена Комски и одлучи нивните три ќерки да останат со нив.

XS
SM
MD
LG