Достапни линкови

ЕК: Да се подготвиме за Брегзит без договор


Портпаролката на Европската комисија, Мина Андреева

Иако најдобрата опција е Брегзит со договор, веројатноста за Брегзит без договор е многу голема и граѓаните и компаниите од ЕУ треба да бидат подготвени за излегување на Велика Британија од Унијата на 31 октомври, изјави денеска портпаролката на Европската комисија, Мина Андреева.

„Нашата работна хипотеза е дека ќе има Брегзит на 31 октомври“, рече портпаролката Андреева. Таа, на прашањето дали излегувањето на Велика Британија без договор сега е најверојатно сценарио, таа одговори дека всушност, тоа е причината поради која ЕК ја испраќа оваа последна порака – да се подготвиме за Брегзит без договор.

Како што јавуваат британските медиуми и новинските агенции, во Лондон пратениците се обидуваат да го спречат премиерот Борис Џонсон од тоа што го сметаат за погубен Брегзит без договор, во услови на шпекулации дека Владата може да распише предвремени избори на 14 октомври

XS
SM
MD
LG