Достапни линкови

Пацоли: Меѓусебното признавање е решението за Косово и Србија


Беџет Пацоли

Шефот на косовската дипломатија во оставка, Беџет Пацоли, се сретнал денеска на маргините на Стратешкиот форум во Блед, Словенија, со новиот специјален претставник на американскиот Стејт Департмент, Метју Палмер, со кого разговарал за можностите за изнаоѓање решение за споровите со Србија.

Пацоли, на својата страница на Фејсбук, објави дека Приштина е заинтересирана за решавање на споровите со Белград по пат на дијалог, јави дописникот на МИА од Приштина.

„Ние го гледаме дијалогот како значаен процес кој дава можности за затворање на темното поглавје меѓу Косово и Србија. Нормализирањето на односите со меѓусебно признавање е единствената цел, ништо помалку, така што ја цениме силната позиција на Вашингтон во овој правец“, напишал Пацоли.

XS
SM
MD
LG