Достапни линкови

„1 од 5 милиони“: Бојкот на изборите во Србија


Оргaнизаторите на протестите „1 од 5 милиони“ кои речиси 10 месеци континурано секоја сабота протестираат во Белград и другите градови во Србија против власта на Александар Вучиќ, денес ги повикаа граѓаните и партиите на бојкот на престојните редовни избори на пролет идната година.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, организаторите на прес-конференција пред српскиот парламент изјавија дека ниту една од 42-те препораки и шесте заклучоци на Експертскиот тим на протестите не се исполнети, поради што сметаат дека нема услови за фер и слободни избори.

Тие ги повикаа сите здруженија, политички и не-политички организации и синдикатите да ја поддржат идејата за бојкот. Досега бојкот од опозициските партии изгласа: Народната партија (НС) на Вук Јеремиќ, Двери на Бошко Обрадовиќ, Партијата за слобода и правда (ССП) на Драган Ѓилас, а до 15 септември се очекува тоа да го сторат и Демократската пртија (ДС) и останатите партии и организации од коалицијата Сојуз за Србија

XS
SM
MD
LG