Достапни линкови

Прв Македонец кој решава Рубикова коцка со нозе


Четвртоодделенецот Ѓорѓи Чешмеџиевски повторно испишува македонска историја во Рубикова коцка. Тој викендов се натпреваруваше во Осијек, Хрватска каде што се претстави со нова техника - местење Рубикова коцка со нозе. Во оваа категорија, Ѓорѓи заврши за 1 минута, 18 секунди и 5 стотинки. Тој започна да вежба уште од јануари годинава.

Неговиот резултат на овој турнир е еден бронзен медал, 8 национални рекорди и 5 лични рекорди. На натпреварот имаше 50 учесници од 10 држави.

Претходно, 9-годишниот мајстор за Рубикова коцка има учествувано на 10 меѓународни натпревари и има освоено 6 златни, 3 сребрени и 7 бронзени медали. Покрај тоа, тој е носител и на 46 национални рекорди.

За комплексноста на решавање стандардна Рубикова коцка, која има шест страни со 9 квадратчиња, зборува фактот што се знае дека има 43.252.003.274.489.856.000 можни комбинации.

XS
SM
MD
LG