Достапни линкови

„Траекторија“ одложена за 16 септември


Судот го одби барањето на одбраната во „Траекторија“ за изземање на обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова

Преметот „Траекторија“ на СЈО, односно судењето за постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид продолжува на 16 септември. Претходно Судот ги одби барањата на одбраната за изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и Лиле Стефанова за случајот и постапката продолжи со изведување на материјални докази.

Случајот „Траекторија” се наоѓа во доказна постапка и во него се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и екс-директорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра.

XS
SM
MD
LG