Достапни линкови

Дачиќ ќе прави перестројка меѓу српските социјалисти


Шефот на српската дипломатија и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ

Откако српскиот претседател Александар Вучиќ најави кадровски промени во СНС и смена на 50 до 60 отсто од министрите во владата по победа на пролетните избори и неговиот коалициски партнер, шефот на дипломатијата, Ивица Дачиќ, денес најави „перестројка“ во неговата Социјалистичка партија на Србија (СПС).

„Подготвувам вистинска перестројка. Повеќе нема да гледам низ прсти. Сите ќе одат на скенер, министри, пратеници и партиските функционери… Ќе имаме многу работа тука“, изјави Дачиќ за српски „Телеграф“, додавајќи дека „некои сметаат дека ја завршиле работата со тоа што добиле функција“, пренесе МИА.

Дачиќ додава дека ќе биде сменет барем најмалку еден министер во Владата на Вучиќ, кој е од редовите на српските социјалисти.

XS
SM
MD
LG