Достапни линкови

Италијанскиот премиер побара поддршка за новата влада


Италијанскиот премиер Џузепе Конте

Италијанскиот премиер Џузепе Конте побара од членовите на движењето Пет ѕвезди да ја поддржат новата коалициска влада со опозициската Демократска партија. Приврзаниците на Пет ѕвезди денеска преку интернет гласаат дали ќе стапат во коалиција со повеќегодишните неистомисленици од Демокартската партија. Претходната италијанска влада падна во минатиот месец кога партијата од крајната десница Лига се повлече во настојување да предизвика предвремени избори.

XS
SM
MD
LG