Достапни линкови

Во експлозија во Кабул загинаа пет луѓе, а 50 се ранети


Кабул

Најмалку пет цивили загинале, а околу 50 други биле ранети во експлозија која синоќа се случила во Кабул, соопштија авганистанските власти. Министертвото за внатрешни работи соопшти дека се страхува оти бројот на жртвите би можело да биде многу поголем во експлозијата која уништила неколку куќи. Таа се случила во делот на Кабул каде што се наоѓаат хотели и седишта на неколку меѓународни организации. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот кој се случи неколку часа откако американскиот пратеник Залмај Халилзад изјави дека САД ќе повлече од Авганистан околу 5.000 војници и ќе затвори пет бази во рок од 135 денови, според нацрт мировниот договор со талибанците.

XS
SM
MD
LG