Достапни линкови

Сенаторите на кои не им е дозволен влез во Русија, доаѓаат на Балканот


Крис Марфи

Американските сенатори демократи Крис Марфи и републиканецот Рон Џонсон кои сакаа да ја посетат Русија, но тоа им го забранија руските власти соопштија дека наместо тоа ќе ги посетат Украина, Србија и Косово. Сенаторот Марфи соопшти дека со тоа тие сакаат да ја демонстрираат двопартиската поддршка на новиот украински парламент и на дијалогот меѓу Белград и Приштина. Претходно руското министерство за надворешни работи соопшти дека двајцата сенатори се на списокот на американски претставници на кои им е забранет влез во Русија.

XS
SM
MD
LG