Достапни линкови

Хрватска сака да купи 12 борбени авиони


авиони Ф-16 илустрација

Главниот аналитичар и специјален советник на хрватскиот премиер Роберт Копал изјави денеска дека крајната цел на хрватската Влада е да потпише договор за купување 12 борбени авиони од четвртата генерација до крајот на следната година, додавајќи дека се разгледуваат и половни авиони. Тој истакна дека еден од многуте параметри при изборот на авиони ќе биде датумот на нивно доставување.

Во почетокот на јануари, Израел го извести Министерството за одбрана дека не може да добие одобрение од САД за испорака на авионите Ф-16 Барак на Хрватска, официјално потврдувајќи дека купопродажбата на тие авиони не успеала.

XS
SM
MD
LG