Достапни линкови

Иран призна дека дефект е причина за експлозија на ракетата


фотографија објавена на твитер профилот на американскиот претседател Доналд Трамп

Иран денес објави дека во вселенскиот центар „Имам Хоминини“ кон крајот на минатата недела експлодирала ракета и дека причината е технички дефект за време на пробата. Коментарите на портпаролот на иранската администрација Али Рабје се првото објаснување од Иран по експлозијата која се случи во четвртокот на 29 август, а која одекна пред планираното лансирање на сателитите.

Рабје го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, кој објави фотографија од областа на експлозијата во пораката објавена на Твитер од американски шпионски сателит.

Експлозијата во вселенскиот центар е трет ваков инцидент, кој отвори сомнеж во постоењето на саботажа во иранската вселенска програма. Сепак, Рабје ја отфрли можноста за саботажа, изјавувајќи дека „станува збор за технички проблем и грешка и дека експертите биле едногласни во таа проценка“.

XS
SM
MD
LG