Достапни линкови

Пожарот кај село Шишево ставен под контрола


Пожарот кај село Шишево во општина Сарај е ставен под контрола и екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје работат на негово целосно гаснење.

„На терен се три екипи возила со противпожарникари. Нема никаква опасност, огнот е ставен под контрола и се работи на негово целосно гаснење,“ информираат за МИА од Противпожарната бригада на Град Скопје.

XS
SM
MD
LG