Достапни линкови

Британската Влада почна кампања за „Брегзит без договор“


Официјална веб страница за кампањата

Владата на Велика Британија почна рекламна кампања со која ги предупредува Британците и европските државјани да се „подготват“ за Брегзит без договор на 31 октомври. Кампањата вклучува билборди, интернет-реклами и нова веб-страница, во која се објаснува како брегзитот ќе влијае на сè, од возење до патување со домашни миленици, преку прашалник со повеќекратен избор.

„Обезбедувањето уреден Брегзит не е само од национално значење, туку и заедничка одговорност. Оваа кампања ќе ја охрабри земјата да се соедини за да се подготви за брегзит на 31 октомври“, изјави Мајкл Гов, британскиот министер задолжен за подготовките за Брегзит без договор.

На веб-страницата на Владата има информации за тоа како Брегзитот ќе влијае на визите, патувањата, работните права, патничкото осигурување и пасошите за миленичиња, како и тоа како регулативите ќе влијаат врз деловните субјекти и студентите.

XS
SM
MD
LG