Достапни линкови

ЕУ обезбеди 9,8 милиони евра помош на Мјанмар


Европската комисија најави нов хуманитарен пакет во вредност од 9 милиони евра за потребите на семејствата погодени од насилствата во Мјанмар.

„Ситуацијата во Мјанмар ги надминува страдањата на Рохингите бегалци. Не смееме да ги заборавиме жртвите во Мијанмар кои беа присилени да ги напуштат своите домови поради насилството во земјата. Заштитата на цивилното население ќе остане да биде најголем приоритет на ЕУ“, изјави Христос Стилијанидес, еврокомесар за хуманитарна помош и цивилна заштита.

Според соопштението на Европската комисија, ЕУ обезбедува средства за хуманитарни акции во Мјанмар уште од 1994 година, а досега се обезбедени хуманитарни пакети во висина од над 249 милиони евра.

XS
SM
MD
LG