Достапни линкови

Десет ученици повредени во напад во училиште во Кина


илустрација

Најмалку десет ученици се повредени во напад во едно основно училиште во Кина. Нападот се случил во утринските часови на првиот ден од новата училишна година во градот Енши. Сите повредени ученици се згрижени во болница. Медиумите пренесуваат дека полицијата го задржала осомничениот за нападот на испитување. Мотивот сè уште не е познат, а не се познати ниту другите детали за инцидентот.

XS
SM
MD
LG