Достапни линкови

Ангеловска: Скржавост за непродуктивни трошења


Министерката за финансии Нина Ангеловска

Новата министерка за финансии Нина Ангеловска денес го презема Министерството за финансии и вели дека нејзин главен мотив ќе биде можноста да се прават промени, но додава дека и ќе биде скржава за непродуктивни трошења.

„Сите сакаме промени од една страна, но промените не се лесни, а уште помалку се прават со критикување. Ова го гледам како можност да правам промени“, изјави Ангеловска во интервју за МИА и ветува дарежливост за инвестиции што ги враќаат парите, што ќе донесат економски раст и намалување на невработеноста, но дека ќе биде штедлива за непродуктивните трошења

XS
SM
MD
LG