Достапни линкови

Какламанис: За жал, мора да го почитуваме Преспанскиот договор


Првиот заменик претседател на грчкиот Парламентот, Никитас Какламанис, во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА, вели дека Нова демократија е одговорна партија и мора, за жал, да го почитува Договорот од Преспа.

Какламанис додава дека за конкретното прашање неговата партија уште предизборно го изнесе ставот и потенцира дека никој не смее ставот на Атина за членство на Скопје во ЕУ да го смета за сигурен, jави дописничката на МИА од Атина.

„Договорот од Преспа, кој е срамен за нашата татковина, должни сме да се придржуваме кон него во однос на НАТО. Нова демократија е одговорна партија и мораме, за жал, да го почитуваме. Но, никој не смее нашиот став за влез на Скопје во Европската унија да го смета за сигурен. Соседите да знаат: патот кон ЕУ нема да биде послан со рози. И ако судам според реакциите што веќе постојат во Скопје за едноставни теми во спроведувањето, мислам дека ќе имаат големи пречки за надминување“, вели заменикот претседател на Парламентот и пратеник од Нова демократија за АНА-МПА.

XS
SM
MD
LG