Достапни линкови

ЕУФОР ќе остане во БиХ и по Брегзит?


Иако излегувањето на Велика Британија од ЕУ може да има последици врз европската воена мисија во БиХ, токму од мисијата ЕУФОР уверуваат дека подготвено ќе го дочекаат Брегзит, објави весникот „Независне новине“, а пренесе МИА.

„Тврдиот Брегзит ќе има последици по мисијата ЕУФОР и операцијата „Алтеа“. Меѓутоа, ги преземавме сите превентивни мерки да ја оддржиме оперативната ефикасност на ЕУФОР преку поддршката од институциите на ЕУ и државите членки на ЕУ“, изјавиле од ЕУФОР за „Независне новине“.

Оттаму додаваат дека Обединетото Кралство е само една од 20-те земји од ЕУ и надвор од неа кои имаат свои сили во мисијата, а сите се во целост посветени на подрршката на ЕУФОР. Од мисијата додаваат дека во нивните редови повторно се приклучиле војници на Франција и Португалија.

XS
SM
MD
LG