Достапни линкови

Полска со критики за руските империјалистички тенденции


Полскиот претседател Анджеј Дуда

Полскиот претседател Анджеј Дуда ги критикуваше руските воени акции како „империјалситички тенденции“ и ги повика светските лидери да не ги затвораат очите за менувањето на границите со сила. „Се соочуваме со враќање на империјалистичките тенденции со обиди за менување на границите со сила“, рече тој на церемонијата во Варшава по повод 80 годишнината од почетокот на Втората светска војна. Дуда притоа ги спомна воените акции на Москва во Грузија во 2008 и во Украина 2014 година. Рускиот претседател Владимир Путин не беше поканет на церемонијата.

XS
SM
MD
LG