Достапни линкови

Демонстрантите го блокираа аеродромот во Хонгконг


Архива - Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Хонгконг.

Илјадници демонстранти денеска блокираа патишта и врски за јавен превоз до аеродромот во Хонгконг во обид да го свртат вниманието на нивната борба за поголема демократија во градот, кој се соочува со нејаголемата политичка криза во децении.

Повеќе од десетина летови наводно биле денеска откажани, откако активистите ги блокирале рутите до аеродромот.

Протестите се случуваат неколку часови откако демонстраните и полицијата учествуваа во насилни судири во центарот на Хонгконг, а некои од демонстрантите правеа пожари и фрлаа молотови коктели, а полицијата фрлаше солзавец и употребуваше водени топови.

Протестите започнаа пред 12 недели со повици до владата да го укине предлог-законот кој ќе овозможи екстрадиција на осомничени од Хонгконг во континентална Кина.

Владата на Хонгконг соопшти дека законот е забранет, но демонстрантите ги проширија барањата за целосна демократија и независна истрага за наводната полициска бруталност против учесниците во протестите.

XS
SM
MD
LG