Достапни линкови

Соботка: ЕУ ќе биде целосна со сите држави од Балканот


Претседателот на австрискиот Парламент Волфганг Соботка.

Европската унија ќе биде целосна кога сите држави од Балканот ќе бидат дел од ЕУ, изјави претседателот на австрискиот Парламент Волфганг Соботка.

Тој на состанокот во дворецот Графенег, со претседателите на парламентите на Словачка и на Чешка, Андреј Данк и Радек Вондрачек, укажа на значењето на 1989 година и падот на Железната завеса.

„Годината 1989 не треба да биде сфатена како точка на европскиот мировен процес“, посочи Соботка барајќи понатамошно ширење на ЕУ на Балканот.

XS
SM
MD
LG