Достапни линкови

Ердоган најави офанзива во Сирија


Архива: Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека ќе преземе еднострана офанзива во североисточна Сирија доколку не се реализираат плановите на САД за воспоставување на таканаречена зона на безбедност по должината на границата со Турција, а коридорот да го контролираат турски војници.

Еродога пред дипломците на воената академија во Истанбул рече дека САД имаат три недели да ги истполнат барањата на Турција, откако турски и американски претставници претходно се договорија за воспоставување на безбедносната зона источно од Еуфрат.

Анкара исто така сака сириските Курди, кои ги смета за терористи, да се повлечат од границата.

XS
SM
MD
LG