Достапни линкови

Протести во Британија поради суспендирањето на Парламентот


Антиввладин протест во Лондон.

Десетици илјади луѓе излегоа на улиците низ Британија на протерсти против контроверзниот потег на премиерот Борис Џонсон да го суспендира британскиот Паламент, неколку недели пред утврдениот датум земјата да ја напушти Европската унија.

Илјадници луѓе на 31 август протестираа со свирчиња и тапани пред портите на Дауининг стрит во Лондон, при што извикуваа „Борист Џонсон срам да ви е.“

Протести беа одржани и во други градови, вклучително Манчестер, Њукасл, Бристол и Белфаст под слоганот „Стоп за државниот удар.“Група наречена „Друга Европа е можна“ и која се противи на Брегзитот, го објави повикот за протестот.

Потегот на Џонсон да го суспендира Парламентот значително ќе го намали времето на пратениците да дебатираат за напуштањето на ЕУ. Тој и овозможува на владата да го суспендира Парламентот од 9 септтември до 14 октомври, непосредно пред крајниот рок на 31 ококтомври.

XS
SM
MD
LG