Достапни линкови

Продолжи седницата за избор на нови министри


110 собраниска седница за избор на нови министри.

Продолжи собраниската седница за избор на двајца министри и двајца заменици-министри, која доцна синоќа беше прекината по неколкучасовна расправа.

Предлогот на премиерот Зоран Заев е Нина Ангеловска да биде назначена за министерка за финансии, а Хасен Џемаили за министер без ресор.

Пратениците на опозицијата го критикуваат предлогот на Заев министерка за финансии да биде Ангеловска, бидејќи според нив таа е една од најсериозните функции во Владата.

Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ денеска рече дека голем ризик е да се даде оваа функција на неискусен човек, но ја обвини власта и за лошата состојба во економијата.

Заев денеска од собраниската говорница изјави дека новата министерка за финансии со своите менаџерски способности дополнително ќе придонесе да се искористи „овој многу битен период за нас“, како и во „максимизирање на ефектите, пред се за граѓаните.“

На обвинувањата на ВМРО-ДПМЕ за лошата состојба во економијата, тој рече дека тоа се неточниу податоци со кои опозицијата се обидува да ги манипулираат граѓаните за финансиската состојба во државата. Тој рече дека буџетот е во одлична состојба, а солвентноста огромна.

XS
SM
MD
LG