Достапни линкови

Метју Палмер е нов специјален претставник на САД за Балканот


Метју Палмер.

Заменик помошникот државен секретар Метју Палмер е новиот специјален претставник на САД за Балканот, соопшти синоќа Стејт департментот.

На 1 септември Палмер ќе учествува во работата на Стратешкиот форум на Блед, а потоа ќе ги претставува САД на состаноците на четворката во Брисел и во Подгорица.

Во соопштението на Стејт департментот се вели дека Палмер ќе ги предводи американските настојувања да ги зајакнат дипломатските напори на САД во поддршката на мирот, стабилноста и напредокот на регионот и ќе се насочи на интеграцијата на државите од Западен Балкан во западните институции.

XS
SM
MD
LG