Достапни линкови

Напладне продолжува седницата за избор на нови министри


Архива - Собраниска седница.

Днеска напладне треба да продолжи седницата за избор на двајца нови министри и тројца заменици-министри, откако доцна синоќа беше прекината по неколкучасовна расправа.

Нина Ангеловска е предложена за прв човек на финансии и Хисен Џемаили за министер без ресор.

Кирил Колемишевски е предложен за заменик министер за економија, Елизавбета Наумовска во образование и Неџад Мехмедовиќ во новото министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

XS
SM
MD
LG