Достапни линкови

Пратениците за „Рекет“: Унгарски гулаш или ајвар мамас?


На денешната собраниска седница за избор на нови министри, пратениците голем дел од дискусијата ја посветија на случајот „Рекет“. Од ВМРО-ДПМНЕ случајот го нарекоа „ајвар Мамас“ и рекоа дека за нив нема сомнежи дека „во случајот е вмешана и власта“, додека од власта побараа темелна истрага на, како што рекоа, случајот „унгарски гулаш“.

„Мене „Рекет“ ми личи на унгарски гулаш подготвен во белата палата, со лице од странство. Дајте шанса на обвинителството да ја заврши истарагата. Направивме се за да добиеме датум за ЕУ, а тоа на ВМРО-ДПМНЕ им е најмногу криво“, рече Горан Мисовски од НСДП.

На ова реплицираше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

„Ова мене ми личи на ајвар „Мамас“, повеќе супстанци измешани и кога ќе се праша кој учествувал во правењето не може да се види што има внатре, па експерти од Италија требаше да се вмешаат да видиме кој е замешан“, рече Мицевски.

XS
SM
MD
LG