Достапни линкови

ЈО: Јовески нема надлежност за изземање на Јанева од предметите на СЈО


Јавниот обвинител Љубомир Јовески

Јавното обвинителство, преку допис до судијата Огнен Ставрев, им одговори на обвинетите од случајот ТНТ дека државниот обвинител Љубомир Јовески нема надлежност да ја изземе специјалната обвинителка Катица Јанева од предметите на СЈО.

„Републичкото јавно обвинителство не е надлежно да постапува по вашето барање. Според Законот за СЈО не е дел од јавнообвинителската хиерархија и има своја автономија, а одговара пред Собранието и Советот на јавните обвинители“, стои во писмото кое судијата Ставрев го прочита на денешното рочиште за овој предмет, потпишано од обвинителката Анита Исајловска.

На претходното рочиште, екс градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, кој е обвинет во предметот ТНТ, побара изземање на обвинителката Јанева. Трајковски појасни дека се сомневаат за поврзаност на директорот на фирмата „Дрим билдинг“, Адриан Амзоски, кој бил инвеститор во зградата „Космос“, со случајот „Рекет“, потенцирајќи дека обвинението против Амзоски за „ТНТ“ било повлечено од страна на Јанева. Одбраната побара одложување на главната расправа до целосно решавање на состојбата со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која е во притвор за случајот „Рекет“.

XS
SM
MD
LG