Достапни линкови

Хан: Договор меѓу Белград и Приштина би бил од корист за цел регион


Позитивен исход од дијалогот меѓу Србија и Косово е клучен елемент на идната европска перспектива на целиот регион, изјави еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, и изрази надеж дека по изборите на Косово, работите ќе бидат појасни и дека ќе може да се влезе во „финалната фаза“ на преговорите.

„Позитивен исход од дијалогот меѓу Србија и Косово е клучен елемент на идната европска перспектива на целиот регион, затоа е важно да се работи на ова, и се надевам дека по изборите работите ќе бидат појасно, и со новиот европски персонал треба да влеземе во финалната фаза на преговорите“, навести комесарот Хан.

Тој сепак истакна дека до тогаш е важно и двете страни да направат отстапки за да се деблокираат преговорите.

„Она што е клучно е Косово да ги отстрани царините, тие се спротивни на духот на ЕУ, ЕУ е заеднички пазар, без царини, ова мора да се направи, но Србија треба да се воздржи од иницијативи низ светот за отповикување на признавањето на независноста на Косово, двете страни треба да направат чекор и тогаш ќе можеме да најдеме решение, не е невозможно“, додаде Хан пред почетокот на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Хелсинки.

XS
SM
MD
LG