Достапни линкови

Варвициотис: Нема тајна дипломатија, има контрола на Преспанскиот договор


Зоран Заев и Алексис Ципрас во Скопје

Милтиадис Варвициотис, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, на неговиот официјален Твитер профил, обраќајќи се до „оние кои замислуваат тајна дипломатија“, ги објави во целост писмата што си ги размениле со вицепремиерот Бујар Османи.

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија коментира дека нивниот став за Договорот од Преспа е непроменет и додава дека тие го контролираат правилното спроведување и ќе извршат притисок за ублажување на условите на договорот во корист на грчките национални интереси, jави дописничката на МИА од Атина.

„За оние кои замислуваат тајна дипломатија, ги објавувам писмата. Нашиот став за Договорот од Преспа останува дека е договор со недостатоци потпишан од претходната влада и ја обврзува нашата земја. Спроведувањето на Договорот повлекува почитување на обврските што ги презеде соседната земја (промена на симболи, именување, статуи и сл.). Ние го контролираме правилното спроведување на Договорот од Преспа и ќе извршиме притисок за ублажување на условите на договорот во корист на националните интереси“, напиша Варвициотис на Твитер, објавувајќи ги двете писма. И она од вицепремиерот со честитка за преземањето на функцијата алтернативен МНР на Грција и одговорот испратен до Османи.

XS
SM
MD
LG