Достапни линкови

Трамп ја откажа посетата на Полска поради ураганот Доријан


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа посетата на Полска, наведувајќи „домашни обврски околу ураганот Доријан“ кој се приближува кон Флорида. Трамп изјави дека за него било многу важно да биде во Вашингтон за да се справува со очекуваните последици од невремето. Тој утре требаше да стигне во посета на Варшава по повод 80 годишнината од почетокот на Втората светска војна. Наместо Трамп на церемонијата ќе присуствува потпретседателот Мајк Пенс.

XS
SM
MD
LG