Достапни линкови

Ребалансот на буџетот на владина седница идната недела


Зградата на македонската влада

Македонската влада во идната недела се очекува да го усвои ребалансот на Буџетот, а во него ќе има вградено и мерки за да се стимулира севкупното покачување на платите во државата, брифираат извори од СДСМ. Според нив, една од мерките ќе биде државата да ги покрива придонесите за здравствено и пензиско осигурување, доколку работодавачот ја зголеми платата на работниците во нето износ од 25 отсто од просечната плата. Оваа мерка ќе почне да се применува од октомври годинава, а со неа, сметаат од СДСМ, ќе се оди кон исполнување на ветените таргети од 16 илјади минимална плата и 30 илјади просечна плата. Дел од мерките, како што брифираат од СДСМ, ќе бидат насочени и кон младите со цел тие да не ја напуштаат сопствената држава.

XS
SM
MD
LG