Достапни линкови

Путин и Меркел разговарале за нов самит за Украина


Германската канеларка Англеа Меркел и рускиот претседател Влаидмир Путин телефонски разговараа за нов самит за Украина и тој план за организација да се забрза, изјави портпаролот на Меркел, Штефан Зајберт, пренесе германската новинска агенција ДПА.

За време на разговорот двајцата лидери се согласиле да продолжат со планот за организирање самит во таканаречениот Нормандиски формат, во кој се вклучени Франција, Германија, Русија и УКраина, за надминување на украинскиот конфликт, изјави Зајберт.

Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот соопшти дека во септември ќе се оддржи самит за Украина. Според Меркел самитот ќе треба да се одржи во Париз.

Конфликтот на украинските сили и проруските сепаратисти во источна Украина трае уште од 2014 година.

XS
SM
MD
LG