Достапни линкови

Меркел и Мицотакис разговарале и за датумот од ЕУ за Македонија


Европската перспектива на земјите од Западен Балкан била една од темите за кои разговарале на денешната средба во Берлин, германската канцеларка Ангела Меркел и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, jави дописничката на МИА од Атина. На прес-конференцијата по средбата, Мицотакис го повтори неговиот став околу Договорот од Преспа.

„Разговаравме за прашањата на Балканот. Канцеларката ги знае моите размислувања дека Договорот од Преспа е договор со сериозни мани, но мани кои можат да се ублажат преку целокупната европска перспектива на Западен Балкан“, рече Мицотакис.

Меркел потврди дека станало збор за Балканот и за европерспективите на земјите од регионот.

„Разговаравме за прашањата за проширување на Европската унија, односно пристапните преговори на Србија, Црна Гора, но и за иднината на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Мислам дека овде констатираме низа заеднички аспекти што се однесуваат на нашите билатерални односи и би можеле да имаме успех“, рече Меркел.

XS
SM
MD
LG