Достапни линкови

Мицотакис кај Меркел: Грција ќе го почитува Преспанскиот договор


Киријакос Мицотакис

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на денешната средба со германската канцеларка во Берлин ќе го пренесе ставот дека Владата на Грција ќе го почитува Договорот од Преспа, објавува „Екатимерини“.

„Што се однесува до договорот за името од Преспа, Мицотакис ги има сите причини да го истакне својот став дека грчката надворешна политика е стабилна и оти тој ќе го почитува секој договор потпишан од претходната администрација“, наведува „Екатимерини“.

Грчкиот премиер и германската канцеларка ќе разговараат и за прашањата што се однесуваат на сегашноста и иднината на Европа, како што се безбедноста и соработката во југоисточна Европа и улогата на Грција во соседството и ЕУ, а ќе стане збор и за конкретни теми како што се грчко-германските економски контакти, мигрантското прашање и односите со Турција, јавува МИА од Атина.

XS
SM
MD
LG