Достапни линкови

Расправата за новиот закон за ЈО почна со пауза поради поднесени над 40 амандмани


Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби

Артан Груби, претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, денеска ја отвори седницата на која ќе се расправа по Предлог-законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство. Тој соопшти дека се поднесени повеќе од 40 амандмани на Предлог-законот, од кои околу 20 од ВМРО-ДПМНЕ, 16 од СДСМ и коалицијата, 10 од ДУИ и три од пратеничката Сурија Рашити.

Веднаш по отворањето на седницата, Груби даде пауза за членовите на Комисијата да можат да ги разгледаат амандманите. Најави дека расправата во Комисијата за европски прашања за Предлог-законот за јавно обвинителство може да трае најмногу два работни дена.

Собранието во вторникот одлучи Предлог законот за јавно обвинителство да се носи по скратена постапка. Истиот ден Груби ја закажа седницата на Комисијата за европски прашања за денеска. Министерката за правда Рената Дескоска најави дека доколку не се обезбеди двотретинско мнозинство, тогаш во опција се други решенија, а едно од нив, како што рече, се измени во Законот за советот на јавни обвинители кој се носи со 61 глас.

XS
SM
MD
LG