Достапни линкови

Членките на ЕУ прв пат на разговори за климатските промени


Министрите за одбрана на ЕУ денешниот неформален состанок во Хелсинки првпат ќе разговараат за безбедносните аспекти на климатските промени, посочи утрово шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини.

„Утрово ќе продолжиме со агенда која е многу фокусирана на одговорноста на Европската Унија во однос на безбедносните предизвици со кои се соочуваме глобално, ќе почнеме со дискусија за безбедноста, одбраната и климатските промени… Како Европска Унија согледуваме дека климатските промени претставуваат безбедносна закана, така што првпат ќе разговараме за оваа поврзаноста со министрите за одбрана“, изјави Могерини.

На агендата на министрите се и сајбер-нападите и поморската безбедност, како и безбедносниот ризик кој произлегува од вештачката интелигенција.

XS
SM
MD
LG