Достапни линкови

Брисел: Србија не може да се зачлени во Евроазиската унија ако сака во ЕУ


Еврокомесарот Хан и српскиот претседател Вучиќ

Европската унија ја предупредила Србија дека не смее да биде дел од руската Евроазиска унија доколку сака да се зачлени во европскиот блок, информира утрово Евроњуз, пренесе МИА. Портпарол на Европската Комисија за Евроњуз изјави дека дека Србија ќе мора да се повлече од сите други билатерални спогодби за слободна трговија доколку сака да влезе во ЕУ.

Белград најави дека планира да и се придружи на Евроазиската Унија во текот на октомври. Евроазиската Унија ја сочинуваат Русија и други земји од поранешниот советски блок како Ерменија, Киргистан и Белорусија. Доколку стане членка на ЕУ, Србија ќе мора да се усогласи и со европската политика на санкции кон Москва која предвидува и трговски рестриктивни мерки. Србија ги започна преговорите за членство во ЕУ во 2014-та година.

XS
SM
MD
LG