Достапни линкови

Скопје добива pumptrack


Полигонот е погоден за сите типови и големини на велосипеди, ролери, скејтборди, како и за лица во инвалидска количка.

Вљубениците во ролерите, скејтбордите и велосипедизмот ќе можат да ги покажат своите вештини на новиот „pumptrack“ полигон што го изгради Градот Скопје на површината пред Олимпискиот базен „Центар“. Полигонот претставува сплет на кривини и контури кои овозможуваат забавна, но пред се, како што велат од Градот, безбедна спортска активност.

Предвидениот полигон почна да се гради во јуни годинава. Има вкупна површина од 1.690 квадратни метри и е поделен на два дела – детски полигон со површина од 290 квадратни метри и полигон за возрасни со површина од 1.400 квадрати. Детскиот полигон е специјално прилагоден за деца, за почетници и за лица во инвалидски колички. Тој е одделен од полигонот за возрасни и е составен од помали контури и кривини со што е овозможено безбедно возење. Полигонот за возрасни, пак, има различни елементи – двојни и тројни контури, скокови, брзи кривини и друго, кои овозможуваат поискусните да ги подобрат своите вештини.

Полигонот е погоден за сите типови и големини на велосипеди, ролери, скејтборди, како и за лица во инвалидска количка. Градските власти велат дека овој простор, кој досега беше неуреден, наскоро ќе стане ново и уредено катче со зеленило, урбана опрема и содржини за забава.

XS
SM
MD
LG