Достапни линкови

Воспоставуваме дипломатски односи со Кипар


Никола Димитров

На неформалниот состанок во Хелсинки на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ и државите кандидати за членство, шефовите на дипломатиите на Република Северна Македонија и Република Кипар, ќе потпишат документ за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји. Средбата на Никола Димитров со Никос Христодулидис ја потврдуваат и од македонското и од кипарското МНР, jави дописничката на МИА од Атина.

„На маргините на состанокот, се очекува министерот Димитров да оствари и повеќе билатерални средби со свои колеги, а со кипарскиот министер за надворешни работи, предвидена е и церемонија за потпишување на документ за воспоставување на дипломатски односи со Република Кипар“, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Северна Македонија.

Информацијата ја потврдиле и од кипарското МНР.

Датумот за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји беше договорен на средбата на Никола Димитров и Никос Христодулидис, минатиот месец во Атина, за време на конференцијата на „Економист“, на која учествуваа двајцата министри.

XS
SM
MD
LG