Достапни линкови

Италијанската Демократска партија и Пет ѕвезди договорија коалиција


Џузепе Конте

Италијанската Демократска партија на левиот центар и популистичкото движење Пет ѕвезди соопштија дека се согласиле да формираат коалициска влада. До договорот дојде откако Демократската партија го прифати барањето на Пет ѕвезди Џузепе Конте повторно да биде премиер. Владата би требало да функционира до следните редовни избори во 2023 година. Со тоа пропадна обидот на десничарската Лига на Матео Салвини да предизвика предвремени парламентарни избори.

XS
SM
MD
LG